Екипата на Бисинов од Велесе го доби дербито ов Б групата во Прва лига триумфирајќи со 35-32 на гостувањето кај Радовиш. Тие беа досега двете непоразени екипи, а по 5. коло сега Бисинов го презема лидерското место најавувајќи го пласманот во разигрувањето за влез во Супер лигата. Радовиш останува на второто место.
Ивица Илиев со 15 гола беше алката што им носеше голови на гостите, кога требаше ги одржуваше во живот и резултатски беа во игра, аво последните моменти и решавачки погоди за водство 33-31.
Се до последните седум минути од мечот Радовиш беше тимот кој имаше резултатска контрола, но потоа гостите од Велес не само што израмнија, туку и по вторпат на средбата поведоа, 31-30. Тоа беше период во кој Бисинов ги користеше минутите на доминација, на мотив и пред се на добра игра.
Домашниот тренер Љупчо Мијалов побара тајаут во 55 минута, но и после него не реализираа, а Биснов зголеми на 32-30. Кога во 57 минута Ивица Илиев повторно му донесе водство на својот тим, 333-31 тоа беше најава за пресврт со среќен крај за велешани.
Тренерот на гостите Никола Бисинов го искористи својот трет тајмаут, а по него Александар Стојменов стави точка на сите дилеми. Бисинов водеше со 34-31 и остануваше многу малку врем нешто да се смени. Конечните 35-32 донесоа радост на теренот за гостите, но и на трибините на навивачите кои допатуваа од Велес.