Иванковиќ: Играме натпревар за историја на клубот и градот, навивачите да не „гурнат“ кон финале!

Ракометарите на Охрид утре ги очекува голем предизвик – борба за место во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

По поразот во првата средба кај Целје со 27-26, Охрид може со било каков триумф од два или повеќе разлика да оди во битка за трофеј.

Левиот бек Анте Иванковиќ вели дека играчите го знаат значење на овој меч и се подготвени за игра.

„Имавме еден меч на кој одморавме дел од играчите, но и воигравме некои акции за Целје. Енергијата во екипата е одлична, не чека историски натпревар, кој едвај чекаме да почне и се надевам дека со атмосфера која му личи на Охрид, навивачите ќе не „гурнат“ кон финалето. Добрата одбрана не краси цела сезона и мислам дека и утре ќе биде тоа случај за да победиме и да го осигураме тоа што го сакаме“, вели Иванковиќ.

Охриѓани ќе играат пред полни трибини.

„Салата е распродадена, сакам да им порачам дека ова е натпревар за историјата, за градот и за клубот. Од првата минута треба да навиваат со срце за нас и да ни помогнат да ја оствариме целта“, заврши Иванковиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Целје се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.

 

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________