Вечерва во Македонската опера и балет се одржува изборот за Спортист на годината по јубилеен 70. пат.
За најуспешна млада спортиска за 2024 година признанието го понесе големиот ракометен талент Ива Младеновска.
17-годишната Младеновска, која гради интернационална кариера во Франција, поточно во Брест Бретањ, со македонската репрезентација настапи на Европското првенство 2024.
Со нејзиниот актуелен клуб забележа настапи во Лигата на шампионите и се запиша во листата на стрелците во најквалитетното европско натпреварување.
Младеновска за конкуренција ги имаше Марија Димовска (кикбокс), Мери Бошковска (одбојка), Теона Голабовска (фудбал) и Катерина Ацевска (џуи-џица).
Машката и женската репрезентација избрани за најдобри селекции за 2024
Министерството за спорт со посебно признание за Николов и Начевски