Ива Младеновска дебитираше за Брест

Македонската репрезентативка Ива Младеновска го одигра својот прв натпревар по трансферот во францускиот Брест Бретањ.

Таа иако е пријавена во Лигата на шампионите, но таму не добива шанса, па првиот меч го одигра за вториот тим на Брест.

Овој тим се натпреварува во третата по ранг конкуренција во Франција, а на последниот меч загуби дома од Руеил со 22-18.

Младеновска постигна четири погодоци на овој натпревар, од кои два беа со удари од седум метри.