Српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ би можел да се врати во Македонија по шест сезони.
Според српските медиуми, Абутовиќ е близу до договор со актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој и оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Абутовиќ играше седум сезони за Вардар, со кој се искачи на европскиот врв во 2017 година, а пота замина во Рајн Некар Левен.
По четири сезони во Бундес лигата замина во францускиот Шарт, а претходно настапуваше за Црвенка, Партизан и Слован Љубљана.
Битолчани досега се засилија со голманите Митревски и Ивиќ, пивотот Цикатиќ, како и десниот бек Хосни.