ИХФ со избор за ракометар(ка) на годината – еве кои се номинирани за најдобри во 2023

Светската ракометна федерација го враќа на сцена изборот за ракометар и ракометарка на годината.

Освен овие две категории, во новата концепција ќе се бираат и најдобри млади ракометар и ракометарка.

Во изборот за нај-ракометарка за 2023 година номинирани се Швеѓанката Лин Блом од Ѓер, Французинката Естел Нзе Минко од истиот клуб, како и Хени Реистад од данскиот Есбјерг.

Кај мажите, номинирани се десниот бек на Шведска и на Фуксе Берлин, Матијас Гидсел, голманот на Германија и Келце, Андреас Вулф, како и пивотот на Франција и Веспрем, Лудовик Фабрегас.

Ќе има три сегменти во гласањето – стручна комисија на ИХФ, селекторите на селекциите што играа на СП 2023 во двете конкуренции и навивачите.

Победниците ќе бидат прогласени по 11 март, а дотогаш ќе трае гласањето на сајтот на ИХФ што ќе биде отворено на 26 февруари во понеделник.