Црногорскиот интернационалец Богдан Ѓуровиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој се враќа на балканските простори и од лето ќе го носи дресот на амбициозниот српски клуб Динамо Панчево.
Ѓуровиќ минатата сезона ја мина во чешкиот Робе Жубри, а претходно исто така една сезона играше во тимот на Струга.
Црногорскиот кружен напаѓач, кој има 23 години, беше дел и од српскиот Спартак Суботица, како и босанската Слобода Тузла.
Динамо Панчево покрај со Ѓуровиќ, се засили и со крило Урош Колунџиќ од Црвена Ѕвезда, како и бековите Лео Фејеш и Бошко Станисављевиќ.