Играше за Радовиш, сега се пресели во Саудиска Арабија

Поранешниот ракометар на Радовиш, Александар Вујниќ, кој последниот клупски ангажман го имаше во Ирак, реши во вториот дел од сезоната да ја промени средината.

Српскиот интернационалец во понатамошниот тек од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе настапува во Саудиска Арабија, поточно во амбициозниот тим на Ал Карах.

Во клубот од Саудиска Арабија извесен период настапуваше екс ракометарот на Металург и Пролет, Ѓорѓе Голубовиќ.

Вујниќ во својата кариера ги носеше дресовите на Црвенка, Пожаревац, Војводина,  Молтено, ХКМ Сала, Метковиќ, Ел Џеиш…

Пред една сезона за Вујниќ постоеше голем интерес од неколку суперлигаши од Македонија, но левиот бек сѐ уште не размислува за камбек во македонската елита.