Играше за Металург и Пролет, сега се пресели на Блискиот Истоок

Поранешниот десен бек на Металург и Пролет, Ѓорѓе Голубовиќ, ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој се пресели на Блискиот Исток, во иранскиот шампионат, каде ќе ги брани боите на Гулф Клуб Корамабад.

Договорот на српскиот интернационалец и иранскиот клуб е потпишан до летото следната година.

Вториот дел од минатата сезона, искусниот десен бек го мина во АЕК Атина, но реши да замине по освојувањето на титулата.

Во татковината Голубовиќ има настапувано за Партизан и Металопластика, потоа за Адемар Леон и Спортинг Хихон, унгарскиот Чурго, романските Одорхеи и Сучеава, швајцарскиот ТВ Сур, словачкиот Татран Прешов…