Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 7 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар и по еден ракометар од Охрид, Прилеп, Пролет, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје.
За МВП на колото ќе можете да гласате до вторник до 12 часот.
Супер лига, плеј-оф/аут 7. коло, резултати:
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 34-19
AЛКАЛОИД – ОХРИД 26-27
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 21-20
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 25-28
РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 23-38
СТРУГА – ПРОЛЕТ 27-29
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
Голман: Иван Ангелески (Прилеп) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот против кумановци.
Лево крило: Есад Дрпљанин (Пролет) – Левото крило беше најдобар стрелец со девет гола во триумфот против Струга.
Лев бек: Теодор Тодески (Бутел Скопје) – Беше меѓу најдобрите во одбраната против кавадарчани, а даде и неколку клучни погодоци.
Среден бек: Косуке Јасухира (Охрид) – Јапонецот беше лидер на „сино-белите“ во дерби триумфот над тимот од Автокоманда.
Десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) – Српскиот репрезентативец имаше одлично издание на мечот со Еурофарм Пелистер.
Десно крило: Ненад Белистојаноски (Еурофарм Пелистер 2) – Прилепчанецот беше меѓу најдобрите во победата над радовишани.
Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач одигра одличен натпревар против Еурофарм Пелистер на кој вардарци ја потврдија титулата.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























