ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 6 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Струга, Тиквеш, Прилеп, Бутел Скопје, Охрид и Голден Арт.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 6. коло, резултати:

Група А

Куманово – Алкалоид 21-34 (ИЗВЕШТАЈ)
Тиквеш – Скопје 44-32 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Еурофарм Пелистер 2 23-21 (ИЗВЕШТАЈ)
Охрид – Аеродром 31-23 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100230
4ОХРИД1290327
5БУТЕЛ1270521
6ТИКВЕШ 20141251616
7ПРОЛЕТ1243515
8ПРИЛЕП1242614

Група Б

Вардар Неготино – Бутел Скопје 21-22 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Мулти Есенс 33-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Еурофарм Пелистер 22-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп – Голден Арт 28-28 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 6.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Давид Даев - пивот - Голден Арт
49.99%
Владан Кастратовиќ - среден бек - Прилеп
31.88%
Матија Николиќ - лев бек - Вардар
9.11%
Мирко Мајиќ - лево крило - Тиквеш
2.79%
Никола Стоилевски - десно крило - Охрид
2.68%
Филип Николов - десен бек - Бутел Скопје
2.25%
Дејан Рикановиќ - голман - Струга
1.30%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Дејан Рикановиќ (Струга) – Чуварот на мрежата на стружани собра 13 интервенции во важниот триумф над Еурофарм Пелистер 2.

Лево крило: Мирко Мајиќ (Тиквеш) – Црногорскиот интернационалец беше прво име во Тиквеш во победата над Скопје со осум гола.

Лев бек: Матија Николиќ (Вардар) – Српскиот лев бек игра во одлична форма, а тоа го покажа и на гостувањето во Автокоманда.

Среден бек: Владан Кастратовиќ (Прилеп) – Црногорецот имаше одлична партија со осум гола против Голден Арт.

Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Десниот бек од стартот на сезоната е во одлична форма, а во Неготино даде осум погодоци.

Десно крило: Никола Стоилевски (Охрид) – Младиот Стоилевски беше меѓу најзаслужните за убедливото издание против Аеродром.

Пивот: Давид Даев (Голден Арт) – Капитенот на Голден Арт заедно со Ончев беа меѓу најдобрите во ремито на гости кај Прилеп.