Еурофарм Пелистер триумфално кај Пролет

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер прослави петти триумф во серија во суперлигашкото друштво, откако славеше кај Пролет со 26-22. Домашните парираа и пружија солиден отпор, но во моментите кога требаше да се вратат во игра по негатива, грешеа, шампионот ги казни тие грешки и се израдува на трите бода од ова незгодно гостување.

Домашните ракометари одлично парираа во првото полувреме во неколку наврати и водеа, но по предноста од два гола, 9-7, влегоа во серија грешки и немаа многу решенија во нападот.

Тогаш битолчани ја стегнаа одбраната, направија комплетен пресврт и со серија од седум погодоци по ред стигнаа до 14-9. Погодуваа Тајник, Пешевски, Петровиќ и шампионот имаше комотно водство.

Пролет немаше дадено гол 11 минути, но Палевски и Андоновски се погрижија да не биде висока негатива на паузата, 14-11. На стартот на вториот дел домашните се доближија на минус едне, 16-15.

Но најпрво Палевски доби исклучување, потоа и домашната клупа беше казнета, па Еурофарм Пелистер си врати плус три предност по головите на Сери и Радивојевиќ. Петковски кој влезе на местото на Михаљевиќ им фати два пенали на битолчани, па неговите соиграчи го искористија тоа.

Намалија на минус три, 24-21, на четири минути до крајот, а имаа шанса и на празен гол, но не успеаја да погодат. Казнети беа од Кузманоски, кој погоди атрактивно за 25-21 и обезбедени три бода.

Најдобри стрелци кај битолчани беа Тајник со пет и Радивојевиќ со четири гола, додека кај Пролет се истакнаа Василевски, Палевски и Димковски со по четири реализации. Пролет во следното коло игра на гости кај Бутел во дербито, додека битолчани во меѓувреме одат кај ПСЖ во ЛШ, а во Супер лигата в сабота ќе го пречекаат Прилеп.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126