Вардар супериорно мина низ Автокоманда

Вардар ја продолжи победничката серија во домашното првенство, па супериорно ја мина и пречката во Автокоманда, победувајќи со 33-24 (15-9) на дуелот со помладиот тим на македонскиот вицепрвак. Натпреварот првично беше закажан за „Јане Сандански“, но поради зафатеност на салата клубовите се договорија истиот да се игра во Автокоманда.

Со триумфот денеска Вардар останува лидер на првото место со максимални 18 бода, а Мулти Есенс е претпоследен со три бода од шест натпревари.

Ритамот што го наметнаа „црвено-црните“ сезонава продолжи и на оваа средба, па од самиот почеток имаа водство кое го задржаа до крај, а притоа и го зголемуваа. Единствено во последните четири минути од првото полувреме домашните ракометари на Мулти Есенс успеаја да „врзат“ четири гола во серија и десетката (15-5) да ја намалат на подносливи 15-9.

Голманот Васил Гогов беше одличен во овој период со осум успешно одбранети топки, а Гоце Георгиевски и Матија Николиќ имаа по четири голови. “Црвено-црните“ играа без Стефан Петриќ, Марко Мишевски и Алан Ќосевски.
Вардарци имаа добра серија на почетокот и поведоа со 6-1 по што домашниот тренер бараше тајмаут. Но, и после оваа минута одмор Вардар продолжи да погодува и стигна до тогаш највисоката предност 9-1, во 12 минута. Првпат десет гола предност направи Вардар во 26 минута (15-5).

Во второто полувреме гол разликата во корист на Вардар се зголеми, па в 41 минута тренерот на домашните Иван Марковски го искористи својот втор тајмаут бидејќи неговиот тим веќе имаше негатива од 11-23. Се обидуваше да се подобри играта и резултатот кој веќе беше двоцифрен.

Највисoките дотогаш „плус 15“ до тој момент ги имаше Вардар во 46 минута кога поведе со 29-14. Тоа веќе беше знак дека победникот е веќе решен. И тогаш дојде и опуштањето кај Вардар, се смени и поставата, влегоа нови грачи на терен, не беа гостите така прецизни, па стигна и казната.

Домаќините ги искористија тие минути, па во 56 минута намалија на 31-21. До крајот ги скористија шансите да ја намалат предноста под десет гола, за конечни 33-24.

Кај победничката екипа најпрецизен беше Марко Николиќ со 8 гола, а по пет гола дадоа Гоце Георгиевски, Дарко Ѓукиќ и Марко Срдановиќ. Кај домашните, седум гола постигна Валентин Карасманакис.

Во следното коло Вардар е гостин кај Голден Арт, а Мулти Есенс е домаќин на Вардар Неготино.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126