Вицепрвакот лесно ги освои бодовите во Куманово

Македонскиот вицепрвак оствари победа во натпреварот од 6. коло од Супер лигата, откако на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа славеше со убедливи 34:21.

Гостите доминираа во текот на мечот, домаќинот беше рамноправен само до 1:1, потоа се одеше според планот на „сините“  кои од минута во минута ја зголемуваа предноста за 19:9 на полувреме.

На почетокот на вториот дел, односно во 31 минута, црвен картон поради три исклучувања заработи Марко Стојковиќ, но тоа не ги поремети гостите, имаа поголема ротација, лесно доаѓаа до погодок и константно ја одржуваа стекнататапредност од првото полувреме.

Кај победничките екипа се истакна Михајло Младеновиќ со девет погодоци, шест запиша Мартин Серафимов.

Единствено во составот на Куманово расположен за игра беше репрезентативецот на Грузија, Уча Гамзардија, постигна девет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122