Тиквеш се загреа за дербито – Скопје беше лесен плен

Тимот на Тиквеш од Кавадарци ја продолжи победничката серија во Супер лигата и сега има шест победи на шест меча, откако славеше против Скопје со 44-32. Дуелот со Скопје беше решен уште по првиот дел кога кавадарчани имаа шест гола предност, 24-18, иако играа со измешана постава на теренот.

Гостинските ракометари успешно парираа во првите петнаесетина минути, во неколку наврати и водеа, но како одминуваше времето, така кавадарчани ја преземаа контролата на теренот. По 10-10, домашните дадоа четири гола по ред за 14-10 и до крајот на полувремето ја одржаа, односно зголемија таа предност, 24-18.

Во второто полувреме домашниот тренер Матлиески, одново ја измеша поставата, шанса за настап доби и кадетскиот репрезентативец Мики Лазов, а грешките на гостите беа казнувани со лесни погодоци од контранапади преку крилата Мајиќ и Темелкоски.

По 31-21, Скопје врза три гола во серија за 31-24, па Никола Матлиески повика тајм-аут. По минутата одмор, неговите момци „нагазија“, дадоа уште пет гола по ред за 36-25 и до крајот одиграа само рутински без да се трошат премногу пред дербито во Автокоманда со вицепрвакот.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Мирко Мајиќ со осум гола, седум даде Евгениј Темелкоски, а по пет пати стрелаа Орданчо Лазов и капитенот Страхиња Симиќ. Во составот на Скопје се истакна Давор Шокоски со девет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122