ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 16 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од „сино-белите“ од Автокоманда, Еурофарм Пелистер, Вардар, Куманово и Прилеп, како и двајца од Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 16. коло, резултати:

АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 35-26 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 22-37 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-37 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – СТРУГА 42-25 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – БИСИНОВ ФЛ 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 43-22 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 16.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Иван Тасески - пивот - Охрид
33.33%
Давид Трајкоски - лево крило - Прилеп
17.78%
Ненад Костески - десно крило - Еурофарм Пелистер
13.33%
Иван Галевски - голман - Алкалоид
13.33%
Давид Димевски - лев бек - Куманово
11.11%
Матија Николиќ - среден бек - Вардар
8.89%
Никола Јукиќ - десен бек - Охрид
2.22%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 16. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец имаше одлично издание на дуелот против Тиквеш.

Лево крило: Давид Трајкоски (Прилеп) – Младиот прилепчанец постигна десет голови на дуелот со Радовиш.

Лев бек: Давид Димевски (Куманово) – Младинскиот репрезентативец на Македонија беше меѓу најдобрите на теренот против Бисинов ФЛ и даде 11 гола.

Среден бек: Матија Николиќ (Вардар) – Српскиот плејмејкер имаше добра партија на дуелот со Бутел Скопје.

Десен бек: Никола Јукиќ (Охрид) – Хрватскиот интернационалец запиша пет погодоци на езерскиот двобој против Струга.

Десно крило: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец постигна десет гола кај Пролет и покажа дека повредата е минато.

Пивот: Иван Тасески (Охрид) – Капитенот на охриѓани беше меѓу најдобрите поединци на дуелот против стружани.