ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 12 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет, Прилеп, Охрид, Бисинов ФЛ и Бутел Скопје.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 12. коло, резултати:

ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП 23-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – АЛКАЛОИД 29-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – РАДОВИШ 43-21 (ИЗВЕШТАЈ)
БИСИНОВ ФЛ – СТРУГА 37-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 40-23 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – БУТЕЛ СКОПЈЕ 22-29 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 12.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Владимир Бојаниќ - пивот - Охрид
0.00%
Мартин Димов - десно крило - Пролет
0.00%
Пеце Рајатовски - десен бек - Прилеп
0.00%
Томислав Димковски - среден бек - Пролет
0.00%
Дмитро Горига - лев бек - Вардар
0.00%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
0.00%
Александар Стојаноски - голман - Бутел Скопје
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Александар Стојаноски (Бутел Скопје) – Искусниот чувар на мрежата беше меѓу најзаслужните за триумфот кај Куманово.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец одигра одличен натпревар против Тиквеш.

Лев бек: Дмитро Горига (Вардар) – Украинскиот бомбардер беше најдобар стрелец на дерби натпреварот против „сино-белите“ од Автокоманда.

Среден бек: Томислав Димковски (Пролет) – Младинскиот репрезентативец имаше значајна улога на мечот со Прилеп.

Десен бек: Пеце Рајатовски (Прилеп) – Битолчанецот беше меѓу најдобрите во редовите на Прилеп на мечот со Пролет.

Десно крило: Мартин Димов (Бисинов ФЛ) – Искусното десно крило постигна многу значајни голови во триумфот над незгодната Струга.

Пивот: Владимир Бојаниќ (Охрид) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот над Радовиш.