ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 1 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Охрид, Бутел Скопје, Пролет, Бисинов, Еурофарм Пелистер и двајца од „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 1. коло, резултати:

АЛКАЛОИД – ВАРДАР 33-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 30-30 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – КУМАНОВО 29-12 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – БИСИНОВ 30-31 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ОХРИД 18-36 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 1.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Александар Василевски - лев бек - Пролет
39.82%
Бојан Блажески - голман - Бутел Скопје
36.43%
Ивица Илиев - среден бек - Бисинов
11.61%
Мартин Серафимов - десен бек - Алкалоид
4.64%
Жарко Пешевски - пивот - Еурофарм Пелистер
2.50%
Никола Костески - десно крило - Алкалоид
2.50%
Гоце Ојлески - лево крило - Охрид
2.50%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 1. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата беше меѓу најдобрите поединци и имаше околу дваесетина одбрани против Куманово.

Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Искусниот стружанец беше предводник на Охрид во триумфот кај Радовиш.

Лев бек: Александар Василевски (Пролет) – Левиот бек со десет погодоци беше меѓу најзаслужните за бодот на гостински терен кај Прилеп.

Среден бек: Ивица Илиев (Бисинов) – Плејмејкерот го водеше неговиот тим до историска суперлигашка победа.

Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец со осум голови беше предводник на тимот до значајна победа над Вардар.

Десно крило: Никола Костески (Алкалоид) – Десното крило даде шест гола, беше сигурен пеналџија и погодуваше во значајни моменти.

Пивот: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер) – Кружниот напаѓач имаше осум погодоци во тешкиот триумф кај Тиквеш во Кавадарци.