Македонија го има најдобриот машки судиски пар во светот – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, но Силвана Карбеска и Марија Илиева покажаа дека можат со право да се вбројат меѓу најдобрите кај дамите.
Македонките го судеа финалниот натпревар од Лигата на Европа меѓу германскиот Турингер и данскиот Икаст, кој изобилуваше со атрактивни погодоци, брз ракомет…а Карбеска и Илиева беа на висина на задачата.
За тоа сведочат коментарите од двата тима по финалниот натпревар, а покрај победникот и Македонките заслужено добија златни медали.
Пред две сезони го судеа финалето во Европскиот Куп, а сега во својата биографија го додадоа и финалето во Лигата на Европа.
ЕХФ со право ги делегираше на многу тешки средби во Лигата на шампионите оваа сезона, па јасно е дека не е далеку ниту Ф4 во најелитното европско клупско натпреварување за двете златни македонски дами.