Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор за претстојното Европско првенство, каде ќе игра против Македонија.

Управниот Одбор на ХРС донесе одлука за разделба со селекторот Крешо Иванковиќ и го назначи Борис Дворшек.

Станува збор за искусен стратег, што седеше и на клупата на Загреб своевремено, а има работено и со многу други екипи.

Иванковиќ ќе биде прв стратег на Нексе Нашице наредната сезона, па се реши да се посвети на тој предизвик.

Македонија освен против Хрватска, на ЕП за младинци во Словенија ќе игра и против Австрија и Црна Гора.