Хрватска падна пред Македонија – кадетите петти на Медитеранското првенство!

Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои петтото место на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин.

Избраниците на Горан Кузманоски ја совладаа Хрватска со 25-15 и на крајот завршија петти со биланс од пет победи и само два порази од полуфиналистите Египет и Шпанија.

Нашите ракометари уште во првиот период наметнаа свое темпо, го добија со 8-6, имаа контрола на резултатот и одиграа на ниво.

Втората третина заврши во корист на Македонија, 7-4, а третата беше одработена рутински и мечот заврши со наш триумф од десет гола разлика.

Настапот на ова првенство беше одлична подготовка за ЕП во Србија во август, а за кадетите следува СП во училишен ракомет наредната недела во Скопје.