Хрватска без Игор Карачиќ на ОИ!

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, објави скратен список од 20 ракометари за подготовките за Олимписките игри во Париз.

На списокот го нема средниот бек Игор Карачиќ, но нема ниту информација зошто членот на Келце не е повикан.

Меѓу повиканите се Домагој Дувњак, Лука Циндриќ, Марин Шипиќ, Матеј Мандиќ, Иван Мартиновиќ, Звонимир Срна…

Собирот на Хрватите ќе биде на 25 јуни во Загреб, а во склоп на подготовките ќе се одиграат и пријателски натпревари против Египет и Франција.