Хрватите се собраа – селекторот не се појави на првиот собир, тројца добија „забрана“ да се приклучат…

Хрватската репрезентација денеска го имаше првиот собир пред настапот на домашното СП, но не дојдоа сите планирани ракометари од страна на Дагур Сидурдсон.

Некои беа на првиот собир, додека селекторот Сигурдсон поради проблемите со авио-сообраќајот поради невремето во Хрватска, задоцни на првиот собир, но треба да се приклучи вечерва.

Поради обврските во Бундес лигата, дополнително утре и задутре ќе се приклучат Домагој Дувњак, Иван Мартиновиќ и Доминик Кузмановиќ, односно Давид Мандиќ, Марко Мамиќ и Јосип Шимиќ.

Но уште тројца ракометари добија „забрана“ од своите клубови Веспрем и Висла Плоцк. Со оглед на тоа што официјалната ЕХФ недела пред СП почнува пред Нова Година, унгарскиот и полскиот првак не им дозволија на Лука Циндриќ, Никола Граховац и Леон Шушња порано да се приклучат на националниот тим.

Првиот пријателски натпревар Хрватите ќе го имаат на 29 декември против Италија, а ќе тестираат против Словенија и Македонија пред СП.

Хрватите се во група со Бахреин, Аргентина и Египет на Мундијалот.