Хрватите оддадоа почит – мечот во „Загреб Арена“ почна со минута молк за жртвите во Македонија

Натпреварот меѓу Хрватска и Чешка од квалификациите за ЕП 2026 започна со минута молк како почит за жртвите во огромната трагедија што се случи утринава во Кочани.

Во пожарот загинаа најмалку 59 лица, а најмалку 155 се повредени, објави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Хрватските навивачи истакнаа и македонско знаме на трибините во „Арена Загреб“, каде ќе ги испратат во репрезентативна пензија легендарните Игор Карачиќ, Иван Пешиќ и Домагој Дувњак.

Ако Хрватска слави против Чешка, тогаш ќе го потврди пласманот на ЕП 2026.