ХРС со порака до македонските навивачи – дојдете порано во сала, ќе има детални проверки!

Откако ИХФ побара од ХРС да ги зголеми контролните мерки на влезот во салите, од организаторот се огласија со порака до македонските и останатите навивачи кои ќе доаѓаат во „Вараждин Арена“.

ХРС ги повикува фановите да пристигнат порано во салата бидејќи времето за проверки ќе се зголеми.

„Ве молиме за соработка, почитување на сите правила на однесување и создавање позитивна навивачка атмосфера по која сме познати во целито свет. Со ова ќе може да се обезбеди непречено одвивање на натпреварувањето и безбедноста на сите учесници“, напишаа од ХРС.

Детално ќе се проверуваат ранците, торбите, ташните и сл., а навивачите би требало да пристигнат порано за да се избегнат непотребни гужви и создавање тензии пред стартот на натпреварите.

Македонија денеска против Гвинеја ќе игра од 18:00 часот за заверка на пласманот во главната рунда.