Христијан Милошески замина од Голден Арт

Левиот бек Христијан Милошески не е повеќе дел од тимот на Голден Арт и е слободен во изборот на новата средина.

Прилепчанецот во двете сезони остави добар впечаток и беше меѓу најдобрите стрелци на Голден Арт.

Милошески потекнува од составот на Филип Прилеп, а беше дел и од Вардар 2, Работнички и Бутел Скопје.

По пет сезони настапи во скопските клубови, во 2021 на кратко се врати во родниот град, а во 2022 повторно дојде во главниот град.

Од Голден Арт заминаа и Тоше Ончев, Златко Даскалоски, Славе Јанковски, Дејан Гошевски, а капитенот Давид Даев ја заврши кариерата.