Репрезентацијата на Норвешка третпат по ред го освојува златото на континенталните собири, откако во денешното финале на Европското првенство 2024 славеше над Данска со 31:23.
Од Европското првенство Норвешка освен со злато, си заминува и како единствена репрезентација без пораз, победи на сите одиграни натпревари. На ова ЕП последниот настап во репрезентативниот дрес го имаше екс ракометарката на Вардар, Камила Херем, која на најдобар можен начин ја заврши репрезентативната кариера.
Искусното десно крило најави дека во иднина повеќе ќе се посветува на своето семејство, па така за очекување е дека на лето ќе ја заврши и клупската кариера.
,,Во последен момент ништо не се случи, одлучив уште во септември дека сакам да завршам со националниот дрес, чувствував дека ова ЕП е последно за мене и во иднина сакам повеќе време да поминам со моето семејство. Веќе остварив многу со репрезентацијата и со гордеам со сите нашите заеднички патувања кои ги имавме. Ова дефинитивно е крај, како што кажав, сакам повеќе внимание да му посветам на семејството и мислам дека нема каење во тоа да поминеш повеќе време со семејеството. Играм за репрезентацијата од моите 19 години и мислам дека конечно е врема да седам дома, да ја декорирам куќата за новогодишните празници и да гледам ТВ”, изјави Херем.
Своите импресии по освоеното злато ги сподели и 44-годишната голманка Катрин Лунде.
,,Ова беше многу емотивен момент за мене, многу сум среќна за одбраната на златото, а по натпреварот сите имавме измешани емоции, ова ЕП беше последно за нашиот селектор Хергеирсон и за нашата Камила Херем, која реши да ја заврши репрезентативната кариера”, изјави Лунде.
Норвешка во досегашните настапи на Европските првенства има десет златни медали, три сребрени и еден бронзен.
Норвешка покажа кој е главен во Европа – стигна до трето злато по ред!