Данската телевизија ТВ2 го објави епилогот од тужбата која ја поднесоа 23 спортисти, меѓу кои и легендарниот Микел Хансен, кон спортската обложувалница „Бет 365“.
Оваа обложувалница без дозвола користела фотографии од спортистите во промоцијата на своите игри.
Вкупниот износ на оштетата, што треба да ја добијат спортистите е околиу 4,7 милиони дански круни, односно околу 630.000 евра.
Најголем износ ќе добие фудбалерот Кристијан Ериксон, околу 170.000 евра, додека Хансен ќе „инкасира“ 13.000 евра.