Хановер го задржа Штуцке до 2028 година

Еден од најдобрите играчи во Бундес лигата, левиот бек Лукас Штуцке одлучи да не менува средина и ја продолжи соработката со Хановер.

27-годишниот ракометар, кој во 2023 година имаше забелешка на списокот за  Европското првенство 2024, во дресот на Хановер ќе остане најмалку до 2028 година.

Штуцке во Хановер пристигна минатото лето од Бергишер и веднаш се покажа во одлично светло во тимот, па двете страни немаа никаков проблем за продолжување на договорот.

Тој потпиша договор до 2027 година, но клубот ја препозна неговата важност во тимот и одлучи навреме да ја активира клаузулата за продолжување на соработката за дополнителна сезона.

Хановер за следната сезона ангажираше неколку играчи, а најзвучното засилување е Педерсен од Фленсбург.