По доделувањето на трофејот за ракометарките на Ѓорче Петров, следуваше доделувањето и на индивидуалните признанија за најдобриот стрелец, најдобриот голман и МВП на турнирот.
За најкорисен играч на турнирот беше избрана десното крило на Ѓорче Петров, Марија Гугуљанова.
За најдобар стрелец беше прогласена левиот бек на Спартак, Сузана Зечевиќ, која на двата меча даде 17 гола.
Најдобар голман беше Слободанка Кицеска, која брани за Спартак и имаше одлични партии против Чаир и против Ѓорче Петров.























