„Грузија се подготвуваше 20 дена, а ние ни на турнир не можеме да отпатуваме“

Репрезентацијата на БиХ во рамките на 3. и 4. квалификациско коло за Европското првенство 2026 беше поразена од Грузија.

Босанците на првиот натпревар, кој беше одигран во Тбилиси, загубија со 28:26, додека на домашен терен, исто така, беа поразени со два гола, 22:20.

БиХ со двата порази направи чекор назад во квалификациите, бидејќи на своето конто има само една победа, онаа против Грција.

Генералниот секретар на Ракометниот сојуз на БиХ, Недим Арнаутовиќ, не го криеше незадоволството од поразите од Грузија.

„Поразите од Грузија не се само порази на селекторот и играчите на репрезентацијата. Тоа се порази на сите нас. Пред сè, порази на оваа ‘организација’, која е позната под името Ракометна федерација на БиХ, а потоа и на сите институции на оваа држава, кои едноставно не се грижат за репрезентацијата. Ракометната федерација на Грузија има 13 вработени. Имаат одличен буџет и континуитет во работата, што носи резултати. Тие се собираја во јануари, одработија подготовки од 20 дена, одиграа пет натпревари, а ние не можеме да отпатуваме во Словенија на турнирот на кој бевме поканети, бидејќи веќе сме задолжени и претходните патни трошоци не се исплатени. И потоа ќе прочитам дека сме фаворити. Да бидеме искрени, нема репрезентација во светот против која ние сме фаворити“, изјави Арнаутовиќ.

Во последните две кола, БиХ ќе игра против Исланд на домашен терен и против Грција на гостински терен.