Грузиецот Гамзардија уште две сезони во Куманово

Поранешниот репрезентативец на Грузија, Уча Гамзардија, се договори на нова соработка со тимот на Куманово, кој со освоеното второ место во плеј-аут фазата успеа да го сочува суперлигашкиот статус.

Искусниот ракометар во Куманово пристигна минатото лето од Прилеп и не му требаше многу време за адаптација во новиот клуб, веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи во амбициозниот тим.

Гамзардија и раководството на Куманово се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност од две сезони. Освен Гамзардија, голем дел од ростерот што лани го изнесе товарот на натпреварите, би требало да ја продолжи верноста.

Клубот за новата сезона се засили со десното крило Дамјан Јакиковски од Скопје. Пред потпис со Куманово се наоѓа ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис.

Засега е познато само заминувањето на поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Наум Костов. Десното крило својата кариера ќе ја продолжи во матичниот Охрид.

Јужно-американски шмек во Куманово, доаѓа репрезентативец на Бразил!

Куманово најде замена за најдобриот стрелец – доаѓа Дамјан Јакимовски