Машката сениорска репрезентација на Македонија како дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Германија, ќе одигра четири пријателски натпревари со Грција.
Избраниците на Кире Лазаров првите два контролни дуели против Грција ќе ги одиграат на почетокот на месец ноември, односно за време на ЕХФ неделата, кога поголемиот број репрезентации ќе ги имаат првите тестирања за континенталниот собир во јануари.
Македонија на 3 и 4 ноември на гостински терен во Грција ќе одигра два контролни натпревари, потоа во Скопје на 4 и 5 јануари пред самиот настап на Европското првенство ќе има уште два тест меча меѓу двете репрезентации.
Македонија на Европското првенство е во група со Франција, Германија и Швајцарија.
Репрезентацијата на Грција исто така се наоѓа во тешка група, за ривали ги има Чешка, Португалија и Данска.