Грчевски скрати список за Азербејџан и Литванија – има три нови ракометарки

Селекторот на женската сениорска репрезентација Кристијан Грчевски, го објави скратениот список за последните две средби од квалификациите за Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Грчевски ќе смета на 20 ракометарки за дуелите со Азербејџан на гостински терен во Баку и со Литванија на домашен терен во Скопје.

Селекторот направи три промени во однос на скратениот список за двомечот со Шпанија. На местото на голманката Слободанка Кицеска, повикана е Ема Кирова, која брани за Спартак, а ги нема ниту повредената Сања Дабевска и Ива Божиновска.

На нивно место на списокот се најдоа универзалецот од шампионот Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска, како и Сара Стефаноска, членката на српскиот првак Јагодина.

Натпреварот со Азербејџан се игра во Баку на 3 април од 14:00 часот, додека дуелот со Литванија е на програмата на 7 април од 18:00 во СЦ „Борис Трајковски“