Ракометарите на Тиквеш ги стартуваа тренинзите пред стартот на новата натпреварувачка сезона во суперлигашката конкуренција.
Кристијан Грчевски се договори за нова соработка со кавадарчани, кои влегуваат со амбиции за повторување на успехот од минатата сезона на домашна сцена, но и прогрес на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.
Играчкиот кадар на кавадарчани претрпе неколку измени, а беа донесени квалитетни засилувања од типот на Тоше Ончев, Мохамед Бен Махфуд, Томислав Димковски, Бојан Солев, Борјан Цековски…
Од минатата сезона останаа Коцев, Димовски, Велков, Чејовиќ, Јовевски, Лазов, капитенот Симиќ…а клубот се раздели со Стојановски, Атанасовски, Мијушковиќ, Печурица и Панов.
Кавадарчани ќе одиграат две пријателски средби пред настапот на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Супер лигата ја стартуваат на 5/6 септември со гостински меч против Струга, а веднаш потоа следува двомечот со Еш од Луксембург во ЕХФ Европскиот Куп.

























