Женската репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот против селекцијата на Полска за пласман на СП 2025.
Селекторот Кристијан Грчевски …
„Не чека сериозен противник, кој на последното Европско првенство заврши во ТОП 10. Полска има добар ростер, а уште поважно и добра ротација. Ние ќе се обидеме во ова кратко време да се подготвиме најдобро што можеме и сигурен сум дека ќе дадеме се од себе. Пласман на СП секогаш е предизвик и зошто да не се обидеме да се пласираме. Девојките мислам дека се добро подготвени во овој дел од сезоната и мислам дека има што да покажат“, вели Грчевски.
Македонската експедиција патува за Полска утре, а веќе в среда се игра првиот меч во Кошалин.
„Се надеваме на добар резултат во Полска, за потоа во Битола пред полна сала да направиме нешто што на сите ќе ни донесе радост. Би ги поканил Чкембари да дојдат во што поголем број и да им помогнат на девојките во битката за СП, бидејќи сите знаеме како и што може публиката во Битола“, заврши Грчевски.
Од првичниот список отпадна поради повреда Леонида Гичевска, додека во комбинација за двомечот остануваат 19 ракометарки.
Реваншот меѓу Македонија и Полска е закажан за 12 април од 19:00 часот.