Граматова најдобар стрелец, го водеше Целје до триумф кај Крка

Македонската интернационалка Пена Граматова беше клучна ракометарка во гостинската победа на нејзиниот тим Целје.

Целје славеше на незгодното гостување во Ново Место кај Крка со 26-21, а левото крило постигна шест погодоци.

Четири од нив беа во второто полувреме кога Целје ја правеше клучната предност за двата бода од овој натпревар.

Настапите во Словенија се прв интернационален предизвик за Граматова, која во Македонија играше за Металург и Куманово.