Грац на Дамјаноски ќе игра на Ф4 во Купот на Австрија

Екипата на Грац, во која настапува Македонецот Борјан Дамјаноски, ќе игра на Ф4 турнирот во Купот на Австрија.

Грац пласманот меѓу најдобрите четири екипи од Купот го обезбеди откако го доби четвртфиналниот дуел против Кремс.

Тимот на Дамјаноски победата од 28:25 ја обезбеди со одличната игра во вториот дел, на полувреме Кремс имаше позитива од плус четири, 16:12.

Ферлах на Хари Павлов не успеа да обезбеди пласман на Ф4, во четвртфиналето беше елиминиран од Алпла Хард.

Освен Грац и Алпла Хард, на завршницата од австрискиот Куп ќе игра уште Тирол, а последниот патник ќе биде познат по дуелот меѓу Вест Виен и Линц 2.