Изминатиот викенд завршија битките за титули во дел од европските земји. Откако две сезони најдобар во Словенија беше Целје, оваа сезона тоа се промени и Горење Велење ја освои титулата.
Тимот предводен од Зоран Јовичиќ мина прв низ целта по 26 натпревари, а главната битка не ја водеше со Целје, туку со Тримо Требње, а на крајот разликата е само еден бод.
Во Србија нова титула, 12 по ред, слави и составот на Војводина, кој забележа две победи во финалната серија против Металопластика Шабац. Вториот триумф беше во Шабац, 29-27.
По една година пауза, титулата во своите витрини ја врати и турскиот Бешикташ, кој со три победи во финалната серија го мина составот на Сакарија.