Ѓорчепетровки „распалија“ по судиите и РФМ по пријавата за „дисциплинска постапка“

Откако женскиот првак Ѓорче Петров најави жалба за судењето на натпреварот со Металург Автокоманда, неколку дена подоцна клубот добил и пријава за почеток на дисциплинска постапка од страна на РФМ. Според објавата на скопскиот клуб на нивната ФБ страница, станува збор за пријава од судиите на тој меч, кои сметаат дека им бил „нарушен угледот“ бидејќи на социјалните мрежи имало коментари против нив.

Дисциплинската комисија на РФМ, по пријавата од судиите веднаш отвори постапка против клубот, бидејќи наводно го прекршил Кодексот на однесување на клубовите.

Ѓорчепетровки јавно го објавија својот одговор на пријавата, но и она што тие го добиле од РФМ и Дисциплинската комисија како повод за покренување на постапката. Пракса е РФМ никогаш да не ги објавува пријавите и постапките кои ги води, ниту пак одлуките кои се донесени. Иако Статутот на РФМ предвидува јавност и транспарентсност во работата и објавување на одлуките.

Пријавата се однесува на два клуба одеднаш, на пријава објазложена на еден лист хартија. Без некои конкретни факти, туку за напишани коментари на социјалните мрежи. Без облазложение дали се тоа коментари на клубот, официјални лица или пак на навивачите.

Во прилог се одговорот на клубот, пријавата на судиите и одлуката на Дисциплинската комисија