Ѓорчепетровки имаа успешна генералка во Косово

Македонскиот шампион Ѓорче Петров денес славеше против косовскиот тим Самадрежа со 37:30 на пријателски натпревар.

Ѓорчепетровки одиграа според посакуваното, на полувреме заминаа со 18:11 и во вториот дел лесно се справија со домашната екипа.

Тренерот Симе Симовски на денешниот дуел имаше можност да ги види квалитетите на новите засилувања.

Ѓорче Петров утре го очекува првенствен натпревар во Струга кај Стружанка, потоа следува ЕХФ неделата.

Избраничките на Симовски на 10 март ќе го одиграат првиот четвртфинален дуел против шпанскиот Елче во Европскиот Куп.

Реваншот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март во спортската сала „Автокоманда“.