Голман на турнирот: Мигел Еспиња – Лесно е кога имам вакви соиграчи

Најдобриот голман на турнирот „Крсте Андоновски“ е Мигел Еспиња од Вардар. Португалскиот интернационалец во финалето имаше 12 одбрани, а високо ниво на формата покажа и на другите мечеви. Вардар го освои турнирот победувајчќи го тимот од Автокоманда во финалето со 25-23 (15-9)

Со ангажирањето на Еспиња, „црвено-црните“ најдоа достојна замена за Мартин Томовски кој замина за Германија.

„Се надевам дека е така, Не само јас, туку и Гогов и Марко се добри. Направивме добар резултат, со помош од тренерите и соиграчите.
Се надевам дека сезоната ќе ни биде навистина добра, изјави Еспиња.

Во првото полувреме на финалето Еспиња имаше седум одбрани, кога Вардар ја направи и високата разлика. Многу од упатените топки завршија во неговите раце, а и одбраната беше на високо ниво.

„Пред секој меч ние голманите гледаме видеа, и така се подготвувавме. Моите соиграчи ми помагаат. Кога тие играат вака, лесно е за мене, смета Еспиња.

Во Струга го освоија второто место, а сега во Охрид во уште посилна конкуренција Вардар беше прв. Со тоа се наметнаа како сериозен конкурент за титулата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

„Вардар секогаш се бори за титули. Имаме добри играчи кои истотака се многу талентирани. Ќе се бориме до крај за титулата, вели Еспиња.

Веќе во првото коло од првенството на почетокот на септември повторно се игра дерби, само во Автокоманда каде ќе гостува Вардар.