Македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе има голем предизвик, откако од ЕХФ добија ново делегирање во четвртфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Европска куќа на ракометот верува во македонските судијки и им ја довери арбитражата на мечот каде што игра европскиот првак.
Карбеска и Илиева ќе ја судат првата четвртфинална средба меѓу данскиот Оденсе и унгарскиот и европски првак Ѓер.
Oвој натпревар е закажан за 19 април од 16:00 часот во „Сидбанк Арена“ во Оденсе, а ќе има две делегатки – Булимс од Франција и Фулеова од Словачка.
























