Голем пех за Младост – Орешков оди на долга пауза

Екипата на Младост Богданци битките во прволигашката конкуренција ќе ги продолжи без Ѓорѓи Орешков.

Средниот бек, кој од Вардар Неготино го засили клубот од Богданци, ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото.

Младиот ракометар со суперлигашко искуство најверојатно нема да може да им помогне на своите соиграчи до крајот на сезоната.

Младост Богданци во регуларниот дел од Првата лига за ривали ги има екипите на Драчево, Македонија ЃП, Текстилец, Вардар Неготино, Скопје, Шампион, Партизан и Преспа Вардар.

Сезоната за Младост Богданци не тргна добро, на првиот натпревар доживеа пораз од Македонија ЃП.