Европската ракометна федерација ги објави пријавите од федерациите за организација на континенталните шампионати во 2030 и 2032. Иако имаше интерес од многу повеќе федерации, сепак бројката многу се намали кога дојде време да се испратат официјалните апликации.
За женските ЕП веќе е јасно каде ќе се играат, бидејќи има само по една апликација. Тоа во 2030 година ќе биде во Турција, додека во 2032 заедничка кандидатура пријавија Германија, Данска и Полска.
За машкото ЕП 2030 во конкуренција се Хрватска, како и Чешка, Полска и Данска со заедничка кандидатура.
За следното ЕП две години подоцна покрај поединечните кандидатури на Хрватска и Турција, заинтересирани се уште и Германија и Франција со заедничка. Кај мажите е скоро јасно дека Хрватите ќе добијат за организација едно од двете за кои се имаат пријавено.
Извршниот Комитет на ЕХФ на 19 јуни ќе треба да ги потврди овие апликации, во периодот меѓу јули и септември, европската куќа на ракометот ќе направи инспекции меѓу кандидати, во септември ќе треба уште еднаш да добијат потврда, додека во декември за време на ЕП 2024 ќе бидат доделни домаќинствата.
Европско првенство, 2030 и 2032 година:
ЕП 2030 мажи, 10 јануари – 27 јануари
ЕП 2030 жени, 28 ноември – 15 декември
ЕП 2032 мажи, 15 јануари – 1 февруари
ЕП 2032 жени, 2 декември – 19 декември