Гол шоу на Гулицоска, Чаир зачекори кон европско осминафинале!

|
17:31

Ракометарките на Чаир славеа против португалскиот тим Колехио Де Гаиа со 29:25 во рамки од првиот меч од 3. коло од Европскиот Куп.

Чаирчанки на реваншот, кој ќе се одигра утре, на истото место и во истиот термин (Автокоманда, 16:00 часот) ќе имаат убава можност со победа да го заверат пласманот во осминафиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Во првиот дел двете екипи играа променливо, најпрво гостинската екипа беше таа која што успеа да се одлепи, потоа Чаир од средината на првиот дел, па до последната минута од првото полувремето константно беше во предност, но немаше голема комоција во играта, бидејќи гостинките од Португалија постојано се закануваа.

По предноста на Чаир од 13:11, гостинскиот тим со два гола во низа успеа да се врати во игра израмнувајќи на 13:13. Црногорската интернационалка во редовите на Чаир, голманката Магдалена Којовиќ, бранеше кога беше најпотребно и до 25 минута имаше шест интервенции, речиси сите беа во дуел еден на еден. По 30 минута игра резултатот беше 16:15 за Колехио Де Гаиа.

Избраничките на Басри Љатифи за десет минути игра во вториот дел успеаја да дојдат до поизразена предност, во 40 минута поведоа со 22:17. Ракометарките на Колехио Де Гаиа не се откажуваа и како одминуваше времето, беа многу блиску до враќање. Чаир во последните десет минути влезе со 23:22 и до финишот успеа да ја сочува, но и да ја надгради предноста.

Предводник кај Чаир беше искусната Теодора Гулицоска, која постигна 13 гола, по шест имаа Теодора Дукоска и Стефанија Ѓорѓиевска.

Гол шоу на Гулицоска, Чаир зачекори кон европско осминафинале!

Автор: Влатко Мирчески
| 16 ноември 2024

Милано: Ќе работам со вистински професионалци – заедно ќе имаме напредок на секое поле

Автор: Душко Андов
| 14 ноември 2024
14:39

Аргентинецот Гиљермо Милано почна да ги води тренинзите на Вардар и веќе во сабота нa гостувањето во Струга треба да дебитира на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб.

Tој вели дека со нетрпение чекал да пристигне во македонската престолнина и да започне со работа со двократниот европски првак.

„Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите, и веќе ги имав и првите тренизни со екипата. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични, и очекувам, и знам дека ќе напредуваме на секое поле. Не очекува период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи“, изјави Милано.

Дел од ракометарите кои настапуваа за своите национални репрезентации се пожалија на мали повреди и тие ги пропиштија првите тренинзи неделава, но набрзо ќе се приклучат на екипата.

Пех за Македонија – остана без една ракометарка во пресрет на ЕП!

Автор: Редакција
| 14 ноември 2024
19:33

Женската репрезентација на Македонија в понеделник ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство, но со една ракометарка помалку од предвидените 21 на кои смета(ше) селекторот Кристијан Грчевски.

Универзалниот бек на Металург Автокоманда, Борјана Коцева, нема да биде дел од македонската експедиција за Унгарија, бидејќи заработи повреда на еден од прстите на шутерската рака, што ќе ја оддалечи од теренот во следниот период.

Коцева беше на претходните два собири и играше на пријателските со Австрија, како и на дуелите на „Трофеј Карпати“.

На списокот на селекторот Грчевски остануваат во комбинација 20 ракометарки, а дали ќе биде дополнително повикана уште некоја ракометарка, останува да се види.

Македонија ќе биде дел од „Кроација Куп“ во Пореч од 22 до 24 ноември и ќе тестира со домаќинот Хрватска и со Србија, а на ЕП 2024 ќе игра против Шведска, Унгарија и Турција.

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Чаир со најдобрите, противникот со 13 ракометарки

Автор: Душко Андов
| 16 ноември 2024
13:11

Ракометарките на Чаир денеска го играат првиот натпревар од третото коло во Европскиот Куп против португалскиот тим Колехио Де Гаиа.

Европската ракометна федерација ги објави составите на двете екипи, а гостинките во ростерот ќе имаат само 13 ракометарки.

Чаир ќе биде со најсилниот состав, а на теренот би требало да биде и искусната Габриела Величковска, која имаше проблеми со повреда.

Натпреварот меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа се игра денеска со почеток во 16:00 часот во Автокоманда.

ЕХФ ги одреди официјалните лица за двомечот во Европа на Чаир

Автор: Душко Андов
| 14 ноември 2024
18:00

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Европскиот Куп.

Единствениот претставник од Македонија кој остана во натпреварувањето, екипата на Чаир, двата меча со португалскиот Колехио Де Гаиа ќе игра на домашен терен.

Судии на овој двомеч ќе бидат Eрдоан Витаку и Арсим Витаку, додека делегатка ќе биде Ана Мелкојан од Ерменија.

Првиот натпревар меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа се игра на 16 ноември со почеток во 16:00 часот, додека реваншот е во Автокоманда следниот ден во истото време.