Гол шоу на Дабески и Петковски, Драчево се израдува на триумф над Јехона

По поразот во првото коло во Богданци, ракометарите на Драчево забележаа прва победа во прволигашкиот плеј-оф.

Избраниците на Велимир Настески прославија победа над Јехона со 32-27, иако гостите од Гостивар пружија силен отпор и имаа реми во вториот дел, 22-22.

По осум израмнувања на резултатот, Драчево со серија од три гола се одлепи на плус три, 11-8, а до паузата имаше плус четири, 19-15.

Јехона се врати во егал на петнаесетина минути до крајот, но немаше сили за комплетен пресврт. По 24-23, домашните отидоа на 27-23 и тоа беше доволно.

Најдобри стрелци во домашниот тим беа Филип Дабески со 11 и Димитар Петковски со десет гола, додека кај Јехона се истакна Адис Салиу со 11 погодоци.

Драчево во следното коло игра на гости кај Шампион, додека Јехона ќе го пречека Металург РА.