Гојковиќ: Не се двоумев кога добив понуда од Вардар, заедно ќе освојуваме трофеи!

Тимот на Вардар го промовираше најновото засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Станува збор за српскиот среден бек Немања Гојковиќ, кој доаѓа од израелскиот шампионат и ќе остане најмалку до крајот на оваа сезона.

„Голема чест и обврска е да се настапува за Вардар, за клуб со таква традиција и успеси. Воопшто не се двоеумев кога стигна поканата да дојдам тука. Убеден сум дека ќе му помогнам на клубот во неговите намери да освојува трофеи, а тоа е и мојата цел, и задача со доаѓањето во Скопје. Верувам дека заедно ќе успееме во нашите задачи, вели Немања Гојковиќ.

Вардар за пролетниот дел од сезоната ќе има две нови интернационални засилувања, а едно од нив е Гојковиќ. „Црвено-црните“ сметаат дека со ангажирањето на Гојковиќ, пред се добиле квалитетен човен и играч.

„Со ангажирањето на Гојковиќ добивме пред се играч каков што ни е потребен во нашата концепција. Неговите човечки карактеристики укажуваат на тоа дека е личност кој може многу да ни помогне. Нашите цели секогаш се високи, а ние сакаме да имаме играчи во тимот шѕо ќе одговорат на нашите барања, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.

Вардар се засилува пред плеј-офот, потпиша српски среден бек!