Гогов: Ова ни беше единствена шанса и победивме

Голманите на Вардар ❤️🖤 имаа трипатиповеќе одбранети топки во однос на колегите од Еурофарм Пелистер ☘️ на дербито во Битола 🇲🇰, и тоа беше еден од факторите за триумфот на „црвено-црните“. Васил Гогов мечот го заврши со две одбрани и плус еден пенал 🥅

Вардар сериозно се врати во трката за титулата откако по три години победи во Битола, овојпат со 35-34, против Еурофарм Пелистер. Скопјани сега се први на табелата со бод предност во однос на битолчани. До крајот остануваат да се играат уште пет кола, и можно е токму на последниот меч во Скопје се да се решава.

Голманите на Вардар имаа свој ден, и одбранија вкупно 12 топки, кои се многу повеќе од одбраните на домашните голмани. Тоа беше и еден од факторите за триумфот.

Ова беше единствената шанса на Вардар да остане во трката за титулата, да не бид епоразен во Битола, а тие заминуваат со два бода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

„Во плејофот влеговме со еден бод помалку, и единствена шанса ни беше сега да победиме. Напорно се подготувавме. Влеговме со срце и дадовме и повеќе.
Мислам дека ги научивме лекциите од претходните сезони, мора да се бориме до последен меч.
Во оваа атмсофера колку можеш да игра, е одличнен резултат. Навивачите им беа како осми играч, но и нашите навивачи не поддржаа максимално и тоа многу ни значеше, вечи Васил Гогов, голманот на Вардар.