ГОГ го „тресна“ Алборг и слави трофеј во данскиот Куп

Екипата на ГОГ го освои Купот на Данска, откако во финалето убедливо го совлада Алборг со седум гола разлика, 32:25 (13:10).

За актуелниот шампион на Данска ова е 12-ти Куп трофеј во својата клупска историја, додека Алборг остана на два трофеи.

Во натпреварот против Алборг одличен беше Емил Мадсен, кој по неверојатните 19 погодоци во полуфиналето против Фредериција, денес запиша осум реализации, а своја поддршка имаше од левиот бек Арон Менсинг со седум погодоци.

Кај Алборг единствена светла точка беше Мадс Хоксер со девет погодоци, останатите ракометари имаа помалку од четири реализации.

Во натпреварот за бронзениот медал се сретнаа екипите на Фредериција и Силкеборг, а повеќе среќа имаше Силкеборг, триумфираше со 32:31(13:14).

Алборг следната недела ќе гостува во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер во рамки од европската елита.